Skip to main content
Македонија

НАСКОРО МНОГУ ПОЛАДЕН ВОЗДУХ ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА: Температурите би можеле да се спуштат и до -15 степени

09/12/2024  20:58

Се поизвесно е дека ноќта недела кон понеделник, односно 15 спрема 16 Декември, како и во понеделник 16 Декември, територијата на Македонија повторно ќе биде зафатена од многу поладен воздух од север, и истиот би условил повремени локални врнежи од дожд и снег, како и повремено силен ветер од северен правец, особено во понеделник на 16 Декември.

Барем одсега гледано во понеделник очекуваме многу постуден ден со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 8 степени.

Во вторник пак на 17 Декември би требало да има јак мраз на повеќе места во Македонија, и тоа во утринските часови кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -1 степен, а на високите и планинските места тие ќе се спуштат дури и до околу -15 степени.

Состојбата околу ова постојано ќе ја следам, со што јавноста ќе биде навремено информирана околу овој можен изразен ладен бран кој наскоро би можел да ја зафати Македонија.