
Бројот на загинати во поплавите што ја зафатија источна и јужна Шпанија се искачи над 200 луѓе.
Спасувачките служби соопштија дека во поплавите загинале најмалку 205 луѓе, од кои 202 се во источната автономна област Валенсија.
Сè уште е непознато колку луѓе се водат како исчезнати.
Спасувачите продолжуваат со потрагата по преживеани и тела во погодените области три дена по поројните дождови кои предизвикаа поплави.