Пишува: Славчо Попоски
Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Дебар, дури 53 литри, додека снежната покривка до 7 часот утринава изнесуваше 47 сантиметри на Попова Шапка, 27 сантиметри во Маврово, 7 сантиметри во Крушево.
Исто така до 7 часот најниска температура од градовите е измерена во Крушево, и тоа -1 степен, а највисока во исто време е измерена во Гевгелија, и тоа 7 степени.
На табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени по градови и места во Македонија до 7 часот утринава, и тоа на мерните станици на УХМР.
Инаку до крајот на денот, особено во западните предели ќе има врнежи од дожд на ниските, а на повисоките места и на планините ќе врне снег, со што поради дополнителното заладување, снежната граница ќе се спушти до околу, па и под 1000 метри надморска височина, со што привејување на снег е можно и во повисоките населени места.
Попладне ќе засилува ветер од северен правец.