Моќниот ладен циклон веќе ја зафаќа Европа, а полека навлегува и на Балканот. Истиот ќе донесе многу дожд и снег, како и позначителна снежна покривка.
До сабота цела Европа, како и цел Балкан ќе биде зафатен од овој многу студен воздух и ќе донесе на повеќе места температури до, па и под -10 степени, додека во Алпскиот регион тој ќе донесе температури и до близу, па и под -20 степени, особено на високите Алпи.
На сателитската снимка можете да го погледнете моќниот циклон како го зафаќа Балканот, и истиот е восклоп со многу ладниот воздух кој се спушта од север.