
Полицијата во Белград го уапсила М.М. (14), кој заедно со своите двајца другари, во парк во Белград, со закана со нож и електрошокер одзеле патики од малолетни момчиња.
Како што е познато, М.М. им пришол на момчињата Г.В. (13), Л.П. (12) и В.Ж. (14) и со закана со „оружје“ побарал да ги соблечат новите чевли. Имал „поддршка“ од неговите двајца пријатели.
Случајот е во надлежност на Вишото јавно обвинителство на Одделот за малолетници во Белград.
Неофицијално, малолетникот бил сослушан во присуство на неговите родители.