Skip to main content
Скопје

Мобилна бензиска: Автобусите на ЈСП чекаат нафта во канти!

07/12/2024  14:18

Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) продолжуваат да ги изненадуваат граѓаните, овој пат со нов „иновативен“ пристап – полнење гориво директно на булеварите со канти. Денешната сцена, каде што вработени полнат резервоар на автобус на улица, станува сè почеста глетка во скопскиот сообраќај.

Додека јавниот транспорт во главниот град е далеку од функционален, ваквите ситуации се слика и прилика на менаџирањето во претпријатието. Граѓаните, наместо да добијат редовен и ефикасен превоз, сведочат на прекини во сообраќајот и „дотур“ на гориво како во времето на импровизации.

Останува прашањето: дали ова е почеток на нова ера на „мобилни бензински станици“, или конечно ќе се преземат сериозни чекори за решавање на проблемите во јавниот транспорт?