Денеска (09.12.2024) во периодот од 03.35 до 03.50 часот во Скопје, пред угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле П.А.(18), Д.Д.(18) и малолетник, тројцата од Скопје, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.