Skip to main content
Македонија

Мицкоски: Стотици милиони евра префрлени кон ЕСМ лажно прикажани како капитални инвестиции

10/12/2024  22:21

Премиерот Христијан Мицкоски, во интервју на Македонската Радио Телевизија (МРТ), го коментираше финансиското управување со државните средства, посочувајќи на стотици милиони евра префрлени од централниот буџет кон државни компании, вклучително и ЕСМ.

„Минатата година имаме пари кои биле префрлани од централниот буџет до државните компании и акционерските друштва кои се во доминантна сопственост на државата. Практично како помош во ликвидноста, а биле книжени како капитални инвестиции. Такви се трансферите кон ЕСМ, и зборуваме за 100 милиони евра. Тоа е трик“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека ваквото управување со јавните средства не е оправдано и дека треба да има поголема транспарентност и отчетност во трошењето на државните пари.