Skip to main content
Македонија

Мицкоски на Костенијада: Овие настани влијаат на развојот на руралниот туризам

19/10/2024  15:44

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на манифестацијата Костенијада во Ново Село.

-Овие настани влијаат во развој на руралниот туризам. Овде имаме гости би рекол од сите краеви на Македонија и тоа е добро, и тоа е добро кога ќе има вакви настани кога ќе можат луѓето да се дружат да поминуваат некое време заедно и добро ете јас со своето присуство само покажувам колкава е поддршката од страна на Владата, посебно на овие настани и ги охрабрувам вака да продолжат, но и воедно за мене претставува можност заедно со градоначалникот на Општина Ново Село, заедно со градоначалникот на Општина Босилово и останатите што се тука присутни градоначалници од општините да разговарам и за оној проект којшто го туркаме како Влада, којшто заврши, истакна Мицкоски.