Skip to main content
Македонија

Мицкоски: На голем број европски дипломати им ја пренесов пораката на македонските граѓани

22/10/2024  20:16

Со состанокот што го имавме со претседателот на Австрија, Ван дер Белен ја завршуваме официјалната билатерална посета во Австрија којашто започна со учеството на настанот во Салцбург, соопшти предмалку премиерот Христијан Мицкоски кој ја предводеше македонската делегација.

Зборувавме со голем број европски дипломати на коишто ја пренесов пораката на македонските граѓани како и нашите очекувања како држава.
Ја завршуваме посетата со настанот, учеството на австриската дипломатска академија каде што ќе зборувам со што се соочуваме како држава и кои се нашите приоритети како Влада.
Имавме успешна и плодна билатерална посета во Австрија. Продолжуваме да се бориме за Македонија и македонските граѓани, како и за националните интереси, порача Мицкоски.