Skip to main content
Македонија

Мицкоски и Николоски ќе извршат надзор на патот Прилеп-Битола, дел од Коридорот 10д

01/11/2024  21:23

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски заедно со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, утре во 12 часот ќе извршат надзор во работата на патниот правец Прилеп-Битола, дел од Коридорот 10д, (локација село Алинци, Општина Прилеп).

Предвидено е изјава за медиуми да даде претседателот на Владата, Мицкоски.