Skip to main content
Македонија

Мицкоски: Во изминативе месеци обвинители се жалат на стомачни проблеми и температура кога треба да се преземе акција

11/11/2024  14:32

Жестока ќе биде борбата со жилавите инсталации на СДСМ и на ДУИ во судството и во обвинителството вели премиерот Христијан Мицкоски. Според него нивната цел е да дадат се од себе за да го уништат судството и Обвинителството за да можат нивните вистински стопанси – тие малкумина судии и обвинии да ги заштитат- добива епски размери. Мицкоски вака одговори прашан за острата реакција на ДКСК за именување на членови од Судскиот совет и Советот на јавни обвинители во Академијата за судии и обвинители.

Според премиерот, во изминатите пет месеци од владеењето на новата Влада, често се случува дел од обвинителите да имаат стомачни проблеми, главоболки и температура, во момент кога треба да се преземе акција против криминалци кои биле симбол на, како што вели, минато и погрешно седумгодишно владеење.

-Што се однесува до одлуката и коментарот на Државната комисија за спречување на корупцијата можам да кажам дека инсталациите на СДСМ и ДУИ се жилави и ќе биде жестока борбата со нив. Не очекувам дека ќе биде лесна во обвинителството и во судството. Затоа што нивната цел, да дадат сѐ од себе за да го уништат обвинителството и судството за да можат нивните вистински стопани, тие малкумина обвинители и судии, да ги заштитат, добива епски размери. И јас ова го зборував на последната собраниска седница кога одговарав на пратенички прашања. Често пати во изминативе еве, речиси пет месеци од како сме Влада, се случува да некој од обвинителите имаат стомачни проблеми, главоболки, температура и така натаму, во моментот кога ќе треба да се преземе резолутна акција против криминалци коишто беа симбол на едно минато владеење седум годишно коешто не треба да ни се повтори, рече Мицкоски.