Skip to main content
Македонија

Мицкоски: Ако пропадне тендерот за нафта за ЈСП, ќе помогнеме повторно, но тоа не може да оди во недоглед

05/12/2024  13:42

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата нема немо да набљудува доколку пропадне тендерот за набавка на нафта за Јавното сообраќајно претпријатие и дека повторно ќе интервенира, но дека тоа не може да оди во недоглед.

– Како Влада сигруно нема да седиме немо и да набљудуваме, но да дадеме шанса и да видиме денес-утре да не има некоја повторна набавка да не се предомислат некои од економските оператори. Ако не, ние ќе мораме повторно како Влада да помогнеме, со одредена позајмица да интервенираме за Јавното сообраќајно претпријатие, но тогаш се поставува прашањето до кога вака. Навистина треба да се поведе сметка околку процесот на децентралзиација затоа што ако некој не може тоа да го прави, тогаш да интервенираме законски, барем да ги преземеме интегернциите и да ја стабилизараме состојбата, рече Мицкоски по прес-конференцијата во Владата.

Резервите на нафта што Владата ги отстапи од државните резерви за ден – два треба да се потрошат, а во меѓувреме беше распишан нов тендер за набавка на нафта за ЈСП по поништувањето на првиот тендер поради што главниот град се најде во ситуација да биде опслужуван само со 30-тина автобуси, а останатите беа паркирани во гаражите поради недостиг на нафта.