Skip to main content
Македонија

Милионски скандал во ЕСМ: Приведени директори, Ковачевски во бегство?!

10/12/2024  10:19

Во рамки на голема полициска акција, приведени се повеќе лица осомничени за злоупотреба на јавен повик за набавка на адитиви, со што била нанесена штета од 6,5 милиони евра.

Станува збор за 29 осомничени лица, меѓу кои Васко Ковачевски, поранешен директор на ЕСМ и член на Управниот одбор на компанијата. Според неофицијални информации, Ковачевски се наоѓа во бегство.

Меѓу приведените е и Небојша Стојановиќ, поранешен директор на ТЕЦ Неготино. Осомничени се и Васко Стефанов, актуелен генерален директор на ЕСМ, како и Пеце Матевски, поранешен директор на РЕК Битола.

Комерцијалниот директор на ЕСМ, Ардијан Муча, е осомничен за кривичното дело злоупотреба на службена положба. Во акцијата се вклучени и четири правни лица од Велес, Неготино, Битола, Кичево и Скопје.

МВР засега не открива повеќе детали за истрагата. Случајот го следат повеќе институции, а јавноста очекува дополнителни информации за процесот и можните одговорности.