Skip to main content
Спорт

Мекларен го освои првиот ред во Абу Даби – Норис е на пол позицијата

07/12/2024  17:04

Мекларен направи голм чекор кон освојување на конструкторската титула во шампионатот на Формула 1. Ландо Норис и Оскар Пјастри, го освоија првиот стартен ред пред утрешната трка за Големата награда на Абу Даби.

Квалификациите на патеката во Абу Даби беа интересни и неизвесни. Норис, во својот последен брз круг дојде до пол-позицијата (1:22.595). Британецот осми пат сезонава ќе стартува од првото место, осум пол-позици сезоната освои и светскиот првак Макс Ферстапен.

Веднаш до Норис трката ќе ја започне неговиот тимски колега, Оскар Пјастри, кој имаше две десетинки послаб резултат од Норис. Трет на стартот е адутот на Ферари Карлос Саинц јуниор, а место во вториот ред избори Нико Хулкенберг од Хас.

Следуваат Ферстапен, Гасли, Расел, Алонсо, Ботас (утре ќе ја вози последната трка за Заубер) и Перез.

Седумкратниот шампион, Луис Хамилтон во своите последни квалифинации во болидот на Мерцедес не успеа да ја мине првата сесија. Трката ќе ја започне од 18.место. Разочара и Шарл Леклер од Ферари, чие време (во тој момент најдобро) беше избрашано. Заврши како 14. но откако ја смени батеријата доби казна од 10 позиции што значи дека ќе стартува од последното место.

Пред утрешната трка, во борбата за конструкторската титула Мекларен има 21 бод повеќе од Ферари. Мекларен последен пат шампионатото во конструктори го освои во 1998 година.