Онур Ѓунај, синот на градоначалникот на општина Ѓузелбахче (дел од градот Измир) починал од срцев удар во Скопје, јавуваат труските медиуми.
Веста за смртта ја потврдил и неговиот татко и градоначалник Мустафа Ѓунај на социјалните мрежи.
На 20.11.2024 во 17.20 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека на осуденикот О.Г.(34) од Република Турција му се слошило, по што бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, каде што починал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.