
Денеска во 8:20 часот во СВР Скопје, вработена во правно лице од н. Илинден во Скопје пријавила дека на службениот меил на правното лице во 6 часот стигнала порака дека во фабриката е поставена експлозивна направа.
Веднаш се упатени екипи на СВР Скопје и Единицата за антитероризам и откако биле извршени потребните проверки, не била пронајдена експлозивна направа, односно констатирано е дека станува збор за лажна пријава.