Skip to main content
Хроника

Маќеа со месеци психички и физички малтретирала поќерка, девојчето признало пред наставничката

16/12/2024  12:52

Вчера во 15.00 часот во ОВР Гостивар, 50 –годишна жена од гостиварско село, со нејзината малолетна внука, а во присуство на претставник од Центарот за социјални работи Гостивар, пријавиле дека извесен период маќеата М.С.
агресивно се однесувала кон нејзината внука и психички и физички ја малтретирала.

Според пријавеното, таа дознала од наставничката на која и се доверила малолетничката.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од СВР Тетово.