Skip to main content
Магазин

Мајк Тајсон – Џејк Пол во бројки: Еве колку луѓе гледале бокс и колкумина се пријавиле на Нетфликс

16/11/2024  18:16

Легендарниот Мајк Тајсон беше поразен од Јутјуберот Џејк Пол, а главната борба на боксерскиот спектакл на стадионот AT&T во Арлингтон, Тексас на лице место ја видоа околу 70.000 фанови, како и неколку стотици милиони луѓе ширум светот.

Имено, Нетфликс го пренесуваше натпреварот за своите 280 милиони претплатници, но дојде до пореметувања и „пад“ на преносниот систем, што фрустрира многу гледачи. Интересно, самиот момент на почетокот на натпреварот целосно го иницираше падот на системот кај добар дел од корисниците, па многу од тие 280 милиони успеаја да откријат системска грешка и да чекаат да се ресетира системот за да се „фатат“ дел од борбата

Иако Пол претходно вети капацитет од 90.000, бројката од 70.000 беше значително помала од очекуваното, но цените на билетите за настанот скокнаа во последните денови, што укажува на зголемена побарувачка, се вели во извештајот.

Настанот на стадионот со 80.000 седишта треба да собори рекордна заработка преку продажба на билети, спонзорства, права за пренос и ВИП пакети.

Кога беше најавен мечот, многумина ја критикуваа одлуката на Тајсон да се бори на 58-годишна возраст. Тој нема играно од 2005 година и наводно од овој меч ќе заработи 20 милиони долари, додека неговиот противник, сега победник, Пол (27) ќе си замине дома побогат за 40 милиони долари.

Платформата за стриминг Нетфликс беше прекината за илјадници корисници во САД, според податоците од страницата за следење прекини Downdetector.com. Тоа се случи токму во моментот кога гледачите го следеа долгоочекуваниот боксерски меч меѓу Мајк Тајсон и Џејк Пол, пренесува Ројтерс.

Според Downdetector, бројот на корисници кои пријавиле проблеми е 85.021. Downdetector ги следи пречките преку анализа на извештаите за статусот од различни извори.

Засега не е познато колку луѓе го следеле натпреварот, а колку имале проблеми, но она што е сигурно, податокот дека повеќе од 750.000 гледачи ги следеле прелиминарните тепачки во живо на Јутјуб, јасно го покажува интересот на луѓето за овој настан. Така, се очекува дека десетици милиони гледачи се обиделе да го гледаат натпреварот на Нетфликс.

Извор: TV21