Поради големата трагедија која денеска го снајде мојот Нови Сад, решив да го одложам датумот на утрешниот концерт во Скопје, објави пред малку на социјалната мрежа Инстаграм, Марија Шерифовиќ.
– Мојата душа и моите молитви се со семејствата на жртвите и сите кои беа повредени во оваа страшна трагедија. Ги замолувам моите фанови и сите оние кои планираа утре да дојдат во Скопје за разбирање и сочувство. Новиот датум на концертот е 10 ноември. Моето срце е со сите вас, а денес најмногу за Нови Сад, порача Шерифовиќ.
Купените билети ќе важат и за новиот датум, потврдија од организацијата.