Малолетничка од Куманово вчера била физички нападната од четири други малолетнички. Според изјавата на нејзината мајка, В.М. (46), нападот се случил околу 20:00 часот, пред зградата во која живеат.
Полицијата веднаш се ангажирала и презела мерки за расчистување на случајот.
„Инцидентот е во тек на истражување, а по комплетирање на сите факти и околности, ќе бидат поднесени соодветни пријави. Секое насилство помеѓу малолетници е сериозно и ќе се постапува согласно законските прописи“, велат од СВР Куманово.
Полицијата апелира до сите родители да ги надгледуваат своите деца и да преземат соодветни мерки за спречување на насилни инциденти помеѓу малолетници.