Skip to main content
Хроника

Малолетник од Ѓорче е уапсен: кршел, викал, оштетил возило – го пријавил татко му

31/10/2024  16:19

На 30.10.2024 во 20.00 часот во СВР Скопје, полициски службеници од ОКР Ѓорче Петров при СВР Скопје, лишиле од слобода малолетник од Скопје, по претходна пријава од неговиот 48-годишен татко дека околу 18.30 часот во семејниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, агресивно се однесувал, искршил дел од покуќнината и му го оштетил возилото.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.