Skip to main content
Македонија

Максим Димитриевски со осуда за опожарените автомобили и деловен објект во Куманово

02/12/2024  15:58

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски се огласи по повод немилите настани кои ноќеска се случија во Куманово, каде беа опожарени автомобили и деловни објекти на советник на Општината и на јавниот обвинител Џелал Бајрами.

„Најостро ги осудувам немилите настани што се случија ноќеска во центарот на Куманово – опожарување на деловен објект и автомобили. Ги повикувам надлежните инстититуции професионално и навремено да ги дознаат сторителите и да се изречат соодветни казни. Ваквите дејствија не треба да дозволиме да се случуваат никаде во државата“, напиша Димитриевски на социјалните мрежи.