Skip to main content
Магазин

Македонија нема да учествува на Евровизија 2025

28/10/2024  12:36

Македонија повторно нема да учествува на 69-то издание на Евровизија 2025.

MK Summit

МРТВ ја потврди веста дека нема да учествува на натпреварувањето во 2025 година, со што се продолжува низата од три години отсуство.

Финансиските предизвици со кои се соочува националната телевизија се причина за оваа одлука.

Иако МРТВ ќе продолжи да учествува на Детската Евровизија, големата сцена на Евровизија ќе остане без македонски претставник барем уште една година.