Skip to main content
Балкан

Македонец уапсен во Швајцарија: Со 239 km/h возел низ тунел каде дозволени се 100 km/h

19/11/2024  00:28

Кантоналната полиција во Цирих спроведе контрола на брзината во тунелот Ислисберг на автопатот А4 кон Луцерн, каде е регистриран екстремен случај на брзо возење.

Возач, 36-годишен државјанин на Северна Македонија, бил фатен како вози со неверојатни 239 km/h, иако ограничувањето е 100 km/h. Тој е уапсен веднаш, му е одземена возачката дозвола, а неговиот автомобил е запленет. По испрашувањето, возачот е предаден на обвинителството и ќе се соочи со сериозни последици за прекршокот.

Во истата акција, која траела шест часа, уште еден возач ја изгубил дозволата за возење со брзина од 179 km/h. Вкупно над 200 возачи биле регистрирани како ги надминуваат дозволените ограничувања, од кои 18 ќе одговараат за брзо возење над 25 km/h.

Оваа акција уште еднаш ја истакнува важноста на почитувањето на ограничувањата за брзина, особено во тунелите, каде пречекорувањето може да предизвика сериозни сообраќајни инциденти.