Соопштение на СДСМ:
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница за пратенички прашања упати прашање до премиерот Мицковски кое се однесуваше за борба против загадувањето.
Во продолжение интегрален текст од пратеничкото прашање:
Граѓаните на Скопје, но и многу други македонски градови дишат загаден воздух, присуството на ПМ10 честичките се двојно а некои денови тројно зголемени. Високи концентрации на ПМ10 честички се регистрирани и во другите градови, Битола, Кичево, Кавадарци, Куманово, Охрид, Гостивар. По бројот на жители тоа е повеќе од половина Македонија.
Воздухот е означен како „нездрав”, тоа знаете верувам колку сериозна закана за здравјето на граѓаните е.
Кога бевте во опозиција господине Мицкоски вие ветувавте над 1 милијарда евра инвестиции за заштита на животната средина и ветувавте намалување на загадувањето до 50%.
Како власт нема ништо од тоа. Не само што нема 1 милијарда евра за борба против загадувањето туку и парите коишто се предвидени за тоа во буџетот ги намалувате.
Или по ставки:
Парите за заштита на животната средина ги намаливте за цели 25%.
Парите за квалитет на воздух ги намаливте за 51%.
Парите за развој на енергетиката се намалени за 41%.
Парите за гасификација речиси се преполовени, додека за енергетска трансформација, која е неопходна за намалување на загадувањето, немате ништо предвидено.
Со намалување на буџетот за клучни области за борба против загадувањето, како животната средина, енергетиката и квалитетот на воздухот праќате јасна порака дека немате никаква намера нешто да преземете.
Ги оставате граѓаните само на себе.
Како власт поважно ви е луксузирањето, па затоа во Буџетот имате предвидено повеќе пари за мебел, за возила, за стоки и услуги.
Пред една недела, вие господине Мицкоски тврдевте дека когенеративна централа е решение за енергетската и еколошката криза. Но каде се тие пари во буџетот? Нема ниту денар.