Skip to main content
Балкан

Лоциран и опколен бегалецот Алија Балијагиќ, осомничен за двојно убиство

05/11/2024  12:39

Бегалецот Алија Балијагиќ, кој е осомничен за двојно убиство во селото Бијело Поље, е лоциран во селото Орашац кај Бродарево, во близина на границата меѓу Србија и Црна Гора. Потрагата по него трае веќе 13 дена, а во најновата акција на терен пристигна српската жандармерија, која со помош на дронови и кучиња трагачи го претресува теренот.

„Околу бегалецот се стега обрач,“ изјави за РИНА извор од местото на настанот, нагласувајќи дека акцијата се интензивира за да се спречи негово бегство преку границата.

Претходно, мештаните пријавиле дека го забележале осомничениот во околните села Ивезиќи и Брајковац. Поради потенцијалната опасност, училиштата во оддалечените делови на Бродарево се затворени. Во потрагата по Балијагиќ се вклучени и српската и црногорската полиција, со цел да го приведат бегалецот и да обезбедат мир за локалното население.