Популарниот македонски пејач Влатко Лозаноски, познат како Лозано, стана татко. Тој и неговата партнерка добија син, кому му го дадоа името Марко. Иако Лозано не е многу зборлест за својот приватен живот, во едно интервју кратко спомна дека има партнерка.
Лозано неодамна ја промовираше својата нова песна со наслов „Жолто црвено“, која, како што самиот вели, е инспирирана од вистинска животна приказна.
Познат како еден од најпочитуваните машки вокали на македонската поп-сцена, Лозано ретко зборува за своите љубовни односи, особено откако ја раскина свршувачката со манекенката Савка Грачанин. Последен пат за својот љубовен живот јавно зборуваше пред четири години, во емисијата „Живот со стил“, каде што откри дека останале пријатели со Савка и дека сѐ уште комуницираат.