Skip to main content
Хроника

Лишен од слобода криумчар на мигранти

06/12/2024  10:11

На 05.12.2024 во 20.00 часот кај место викано „Караорман” во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода А.А.(27) од Косово.

При преглед во возилото „ауди А3″ со косовски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени четири лица мигранти, од кои едно од Сирија и три од Египет. А.А. бил задржан во Полициската станица Гевгелија, а мигрантите биле сместени во Прифатно – транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.