Водителката Лила Филиповска долго време беше неразделна од Зоки Фаци. Последниот период ги заладија односите па и јавно коментираа некои делови од животот, но сепак Филиповска денес се прости од Зоран Василевски – Фаци.
Како што напиша водителката на социјалните мрежи таа денес за последен пат го видела Зоки и го испратила онаму каде сите еден ден ќе дојдеме.
“Денес те видов последен пат и те испратив во твојот вечен дом онака како што доликува. Достоинствено. Знам дека не сакаш патетики па затоа нема да бидам. Па ќе пишам мал дел од омилената ни песна која се обидувавме да ја научиме на памет:
“Сјај во тревата
Иако ништо не може да го врати Сјајот во тревата И убавината на цвеќето, Ние не ќе жалиме; Ќе најдеме сила во она што преостанува Во блажените мисли Кои се шират низ човековото страдание Во верата која гледа низ смртта…
Патувај Зоки, патувај таму каде што сите ќе дојдеме еден ден”, напиша Лила под објавената слика од Зоки на социјалните мрежи.