Ракометарите на Вардар одиграа нерешено 34-34 (18-17) на гостувањето кај Валур во рамките од петото коло од ЕХФ Лигата на Европа.
До реми, „црвено-црните“ стигнаа со гол во последната секунда од пенал преку Марко Срдановиќ.
Вардарци сега се со само теоретски шанси за пласман во следната фаза бидејќи имаат вкупно три бода, два помалку од Порто на кого му гостуваат во последното коло.
Најефикасен играч на средбата беше Тордарсон со 11 гола за Исланѓаните, додека кај Вардар со по пет се истакнаа Георгиевски, Маргели и Срдановиќ.