Интегрален текст од прес-конференција на Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ:
Почитувани,
Груби на црната листа е доказ дека борбата на ДУИ е само за моќ врз институциите да работат за нивно богатење.
Артан Груби земал мито за да влијае на судски процес.
Артан Груби влијаел врз судски процес и затоа земал пари, тоа го кажува објаснувањето на Американскиот Стејт департмент за неговото ставањето на црната листа.
Борбата на Груби и на ДУИ за власт е борба за контрола на судството.
Груби ја користел позицијата на вицепремиер и висок функционер на ДУИ за да се богати од мито и корупција.
Груби не е сам, таквото делување е систем на работа на ДУИ и СДС.
И двете партии кога се борат за власт всушност се борат за да можат преку криминални активности да ги полнат своите џебови со милиони.
Кога СДС и ДУИ зборуваат за демократија, за Европа, за зелени агенди, всушност само бараат нова маска да го замаскираат криминалното работење.
И СДС и ДУИ се разоткриени. Одговорност мора да има.
ЈО да почне да работи, поголем доказ дека Артан Груби е криминалец од црната листа на САД нема.