Skip to main content
Македонија

Левица: 700.000 книги скапуваат во Министерство за култура

21/10/2024  14:48

Интегрален текст од соопштение за јавност на Левица:

Скоро 700.000 книги од 17 капитални проекти реализирани меѓу 2009 и 2019 г., вредни близу седум милиони евра, скапуваат во Министерството за култура – ова е објавено во Извештај на ДЗР, а во врска со работата на Министерството за култура. 

Одговорност за штетата што е нанесена од нерационалното трошење буџетски пари за печатење без немање рационална стратегија за распределба на сите тие вишок 700.000 книги, подеднакво бараме од сите досегашни министри за култура, а посебно од:
– Елизабета Канчевска Милевска од ВМРО – ДПМНЕ; 
– Роберт Алаѓозовски од СДСМ; 
– Асаф Адеми од Алтернатива – поранешното крило на БЕСА на Африм Гаши… 

Овие книги чинат над 6,5 милиони евра, а станува збор за 686.318 примероци, отпечатени во рамки на капиталните проекти: „Ѕвезди на светската книжевност”, „Врвови на светска филозофија, историја, психологија и психоанализа”, „Светско книжевно богатство„, „Антологија на
светска поезија “, ,,135 тома македонска книжевност” и др. 

Исто така, не е извршен ни попис за утврдување на бројот на книги и за условите во кои тие се чуваат. Министерството за култура нема изработено план за нивна дистрибуција. Во услови кога образованието е на најниско ниво, а културата – во мизерна состојба, скапувањето на книги по депоата е жалосно. Библиотеките не сакаат да ги преземат овие книги поради немање просторни услови и поради нерационална претрупаност со книги од истиве едиции. 

Левица апелира: Книгите наместо да скапуваат по депоата и подрумите, Министерството може да им ги подари на студентите без надомест!