Skip to main content
Свет

Лазарини: Во северниот дел на Газа, луѓето само чекаат да умрат

22/10/2024  14:21

Агенцијата на ОН за палестински бегалци денеска повика на привремен прекин на огнот во Газа за да им се овозможи на луѓето да ги напуштат областите од северниот дел на енклавата, додека здравствените власти соопштија дека им снемува резерви за лекување на пациентите повредени во нападите.

Шефот на агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), Филип Лазарини, изјави дека хуманитарната ситуација достигнала критична точка.

– Мирисот на смртта е насекаде затоа што тела лежат на патишта или под урнатини. Не се дозволени мисии за расчистување на телата или обезбедување хуманитарна помош, напиша Лазарини на Х.

– Во северниот дел на Газа, луѓето само чекаат да умрат. Тие се чувствуваат напуштени, безнадежни и сами. Живеат од еден час до друг, плашејќи се од смртта во секоја секунда, нагласи Лазарини.

Тој повика на итно примирје, „барем на неколку часа“, за да можат семејствата кои сакаат да се евакуираат безбедно да стигнат до побезбедни места.

– Тоа е најмалиот минимум за да се спасат животите на цивилите кои немаат никаква врска со овој конфликт, напиша Лазарини.