На 25.11.2024 во 20.20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Г.Н.(36) од Куманово.
Тој се сомничи дека на улиците „Васко Карангелески“ и „Козјачка“ во Куманово со употреба на подесен предмет одзел повеќе предмети од патнички моторни возила.
Г.Н. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.