Skip to main content
Македонија

Кузмановска: Ракот не погодува само еден – туку целото семејство

25/11/2024  09:14

Во подкастот „Зрак“ со д-р Марина, потпретседателката на здружението „Хема Онко“, Милица Кузмановска, сподели дека најчестиот проблем со кој се соочуваат жените што се јавуваат во здружението е потребата од психолошка поддршка.

„Има многу проблеми, но најчестиот проблем кога ќе се јават жените е психолошката поддршка. А да не зборуваме за пациентите со рак – ракот не е само на лицето со дијагноза, туку е на целото семејство. Сите се засегнати од дијагнозата со ракот,“ истакна Кузмановска.

Здружението „Хема Онко“ постојано работи на подигање на свеста за важноста на емоционалната и психолошката поддршка за пациентите и нивните семејства, со цел полесно справување со предизвиците што ги носи болеста.