Skip to main content
Хроника

Кршел од покуќнината, а потоа физички ја нападнал сопругата

28/10/2024  18:15

„На 27.10.2024 во 15.00 часот полициски службеници од Полициското одделение Сарај, го лишиле од слобода Џ.М.(48) од с.Крушопек, скопско, по претходна пријава дека околу 00.30 часот во семејниот дом се однесувал агресивно, кршел од покуќнината, а потоа физички ја нападнал својата 44-годишна сопруга“, велат од полицијата.

По целосното документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.