Skip to main content
Хроника

Кривична пријава против 11 лица, меѓу нив лекар, адвокати, граѓани – вршеле измама против осигурителна компанија

13/12/2024  16:41

Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против 11 лица поради постоење сомение за злоупотреба на службената положба, измама, и помагање. Кривичната пријава е поднесена против И.Б.(52) – лекар во Клиничка болница Тетово, против Д.К.(35) и Н.Д.(34), двајцата адвокати, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „помагање“ во врска со „измама“, против А.Љ.(30), Б.Ф.(25), Н.А.(42), М.Д.(39), Т.Љ.(27), Т.М.(27), Б.Д.(29), С.Д. (21) сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со „измама“.

„ Првопријавениот, во неколку наврати креирал медицински извештаи со невистинита содржина во корист на други лица, кои биле употребени како доказен материјал во осигурителна компанија и на име на обештетување на нематеријална оштета, исплатиле на жиро сметките на пријавените М.Д., Н.А., С.Д., Т.М. и на Ш.Х., поединечно по 80.000 денари, додека на пријавените Б.Д., Т.Љ. и лицето М.Т. им биле исплатени поединечно по 70.000 денари. Паричните средства на пријавените Д.М. и лицето Ш.Х. не се лично подигнати, туку од пријавениот Б.Ф., кој претходно зел полномошно за подигање на паричните средства од филијалата на банката и подоцна со полномошно се уплатени на жиро-сметката на пријавениот А.Л.. Пријавените адвокати, го сториле првото кривично дело „злоупотреба на службената положба“ во текот на септември и октомври 2023 година, на начин што полномошното не го добиле лично од странките, туку од пријавениот А.Љ. и извештаите ги доставиле до осигурителната компанија, врз основа на кое била исплатена оштетата на жиро-сметките на пријавените во износ од 610.000 денари. Останатите пријавени, во текот на септември и октомври 2023 година, свесно ги ставиле на располагање своите лични податоци врз основа на кои било креирано полномошно за подигање на парични средства од филијала на банка во Тетово, врз чија основа биле фалсификувани медицински извештаи“, се вели во билтенот на МВР.