Skip to main content
Македонија

Крешник Бектеши: УЧК е дел од нашата држава

05/12/2024  21:31

Крешник Бектеши на прашањето кој ја поттикнал наставничката да ја организира приредбата во училиштето во село Челопек, одговори дека со општина Брвеница не раководи ДУИ туку ВМРО-ДПМНЕ. Оружјето и мапата на „голема Албанија“ кои беа дел од приредбата на учениците, според него, „можеби се погрешен чин“, но не и униформите и амблемите на УЧК, изјави тој денес во Дневникот на ТВ Сител.

-УЧК е дел од нашата држава. Формирана од граѓани на Република Македонија кои се бранеле и барале права во оваа држава. Симболите кои се важни за една етничка заедница треба да се почитуваат од другата етничка заедница, рече Бектеши според кого меѓуетничките поделби спласнале со Рамковниот договор и праша „дали денес треба да се вратиме 25 години назад“.