Вчера во 16.10 часот во Полициската станица Центар, Р.Б.(44) од Скопје пријавил дека околу 13.40 часот во неговиот дом на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на сила влегло во неговиот дом и одзело повеќе парчиња накит и други предмети, а потоа и физички го нападнало.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.