Skip to main content
Македонија

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

29/11/2024  22:05

Државниот обвинител Љупчо Коцевски вели дека не сака да коментира политички изјави, но сепак истакнува дека неосновани се обвинувањата кон Јавното обвинителство од страна на премиерот Христијан Мицкоски.

-Некаде пред 20 дена, предметниот обвинител имаше вирус и не можеше да дојде на закажаниот состанок. Истиот се одложи за неколку дена, со тоа што после присуствуваше и од тогаш до денес има неколку состаноци со надлежни од полицијата за координација – изјави тој.

Инаку, Мицкоски обвини дека обвинители користеле вирус, дијареа и други изговори за да не постапуваат и од понеделник најави, како што рече, робусна акција против „одредени обвинители“.