Skip to main content
Свет

Координатор на ОН за Блискиот Исток: Кошмарот во Газа се засилува

20/10/2024  19:13

Специјалниот координатор на ОН за Блискиот Исток, Тор Венесланд, денеска објави дека продолжуваат „немилосрдните израелски напади“ во Газа, каде што нема безбедно место за цивили и дека се случува „кошмарот на таа палестинска територија се засилува“.

Венесланд, исто така, предупреди на влошување на хуманитарната криза поради конфликтот во северниот дел на Газа.

Тој изјави дека во израелските воздушни напади синоќа во Беит Лахија загинале десетици луѓе.

На ова му претходеа засилени воени операции во кои имаше десетици цивилни жртви, со речиси целосен недостиг на хуманитарна помош за жителите на северот.