Skip to main content
Забава

Компанијата Мета се огласи на конкурентската Икс – Им се извини на корисниците поради глобалниот проблем

11/12/2024  20:37

Социјалните мрежи Инстаграм и Фејсбук бележат проблеми, а веб-страницата „DownDetector“ покажува дека некои други услуги како Месинџер, Ватсап и други не работат.

Речиси 100.000 корисници на веб-страницата „DownDetector“ пријавиле проблеми со Фејсбук, додека повеќе од 60.000 од нив имаат проблеми со Инстаграм.

Како и секогаш во вакви ситуации, корисниците на другите мрежи ја користат можноста да ја изразат својата фрустрација поради прекинот на социјалните мрежи, па многумина се активни на Икс.

Компанија Мета под која се споменатите социјални мрежи, пак, не можејки на друг начин објави пост на платформата Икс која се води како нивна конкурентска социјална мрежа.

„Свесни сме дека техничкиот проблем влијае на способноста на некои корисници да пристапат до нашите апликации. Работиме да ги вратиме работите во нормала што е можно поскоро и се извинуваме за непријатностите“, посочуваат од компанијата Мета.