Skip to main content
Свет

Колумбија заплени рекордни 225 тони кокаин

28/11/2024  16:07

Полицијата во Колумбија во соработка со 62 земји заплени рекордни 225 тони кокаин во рамките на операцијата Орион, што претставува најголема заплена на кокаин во една операција на глобално ниво.

Во текот на шест недели запленети се вкупно 1.400 тони наркотици, од кои 1.000 тони марихуана, пишува Гардијан.

Заплената на кокаин значително ги погодува картелите во Латинска Америка, имајќи предвид дека годишното производство на кокаин е околу 2.700 тони.

Со конфискацијата е спречен приход од 8,5 милијарди долари кои би отишле во рацете на криминалните организации.

Операцијата вклучуваше и откривање на нови патишта за шверц на дрога, вклучително и полуподморница која беше на пат кон Австралија.

Овој начин на транспорт, кој е тешко да се открие, се користи за транспорт на големи количини кокаин.

Уапсени се повеќе од 400 луѓе, а операцијата го покажа успехот на меѓународната соработка во борбата против трговијата со дрога