Skip to main content
Свет

Кинескиот претседател ја одби поканата на Трамп за инаугурацијата

13/12/2024  12:02

Кинескиот претседател Кси Џинпинг најверојатно нема да присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп следниот месец, и покрај тоа што доби лична покана од Трамп по денот на изборите, пишува Њузвик.

Амбасадорот на Кина во САД и неговата сопруга се очекува да го претставуваат Пекинг на настанот на 20 јануари, во согласност со стандардниот дипломатски протокол. На делегацијата би можеле да и се придружат и други кинески претставници, но не и претседателот.

Кинеската амбасада во Вашингтон и тимот на Трамп одбија да ја коментираат одлуката на претседателот.

Трамп ја упати поканата до Си и покрај тоа што неодамна изјави дека има намера да воведе високи царини за кинески стоки, повеќе од 25 проценти што планира да ги воведе и на Мексико и Канада. Царините за Мексико и Канада се дизајнирани да ја запрат илегалната миграција и шверцот на фентанил во САД.

Идната портпаролка на Трамп, Керолин Левит, рече дека повикот е пример за тоа дека претседателот Трамп воспоставил отворен дијалог со лидерите на сите земји, не само со оние кои се сојузници на Америка, туку и противници или конкуренти.