Skip to main content
Македонија

Калајџиев: Помилувањата во Македонија се многу малку

23/10/2024  19:13

Универзитетскиот професор и член на Комисијата за помилување, Гордан Калајџиев, во изјава за 24инфо.мк објасни дека во Македонија бројот на помилувања што се дава е премногу малку и со премногу краток рок на ослободување од издржување казна затвор.

„Мој став, како професор, е дека помилувањата ги даваме малку и кратко, со оглед на тоа дека и условен отпуст не им даваат на луѓето, казните се многу строги а условите во затворите се лоши и заслужуваат многу повеќе да се доделуваат помилувања, условни отпусти, па и амнестија како компензација и како утеха“ вели тој.

Калајџиев вели дека условите во македонските затвори е катастрофална, а дека казнената политика е многу поосттра споредено со земјите на ЕУ, додавајќи дека во затворите лежат луѓе со години и за направени сообраќајки, за поседување симболична количина на дроги и други ситни прекршоци за кои во ЕУ се даваат значително поблаги казни.

„Врз основа на овие сериозни проблеми што ги имаме во затворите и строгата казнена политика што ја имаме, мислам дека тоа е нехумано, а помилувањата ги даваме на толку ограничени случаи, што дури мене лично и ми е непријатно“ смета Калајџиев.

Професорот Калајџиев вели дека трошоците за издржување на еден затвореник за државата се сериозен издаток, додавајќи дека затворот „Идризово“ е прогласен за најлош затвор во Европа.

„Недавањето помилување или намалување казна на човек кој е осуден на доживотен затвор, Совет на Европа го смета за нехуман третман“ вели Калајџиев осврнувајќи се на Законот за помилување кој не дозволува помилување на осуденици на доживотен затвор,

Инаку комисијата за помилување деновиве се најде во фокусот на внималнието, откако од страна на претседателката Гордана Силјановска Давкова беа помилувани и членови на нарко-картели.