Skip to main content
Хроника

Кавадарчанка сакала со туѓа лична карта да подигне пари

04/12/2024  14:14

Полициски службеници вчера ја лишиле од слобода Н.И., на возраст од 47 години од Кавадарци, постапувајќи по пријава од вработена во финансиско друштво, дека се обидела со туѓа лична карта да подигне парични средства, информираат попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Таа била приведена во полициска станица, а личната карта ѝ била одземена.

По документирање на настанот, против нејзе ќе биде поднесена соодветна пријава.