Skip to main content
Скопје

Итна владина седница во 14 часот за надминување на проблемите со градскиот превоз

21/11/2024  13:14

Поради проблемите со градскиот превоз и Владата закажа итна седница за во 14 часот. Како што дознава Алфа од владини извори седницата е со цел надминување на состојбата во градот Скопје со недостиг на гориво за автобусите.

Неофицијално ќе се дискутира за позајмување на гориво од нафтените државни резерви кои ќе се доделат на градот Скопје се до надминување на проблемот со набавката на нафта за градот и ЈСП.