Skip to main content
Македонија

Истрага против јавен обвинител за злоупотреба на службена положба и малтретирање

11/11/2024  15:53

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за истражна постапка против јавен обвинител, осомничен за продолжено кривично дело – малтретирање во вршење на службата, како и злоупотреба на службената положба и овластување. Кривичната пријава беше поднесена од група вработени во Вишото јавно обвинителство Скопје, по што случајот беше предаден на Основното јавно обвинителство Штип. Собраните докази укажуваат на сомнение за злоупотреба на службената положба од страна на обвинителот.

Врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија донесе одлука за времено отстранување од функцијата на обвинетиот обвинител додека трае истрагата.