Skip to main content
Култура

Изложбата „Украина Љубов и Војна“, сведоштва за животот во Украина 2014 – 2024

22/11/2024  15:05

Bo Белград минатата недела беше отворена изложбата „Украина, Љубов и Војна“ на која се прикажани 50 фотографии направени во Украина во периосот 2014 – 2024 година.

Изложбата е инспирирана од истоимената книга издадена од организацијата Фото Евиденција а е во организација на Фондацијата за отворено општество.

Според Светлана Бацеванова, извршна директорка на ФотоЕвиденција и кураторка на изложбата, љубовните приказни во книгата „Ukraine: Love+war“ претставуваат светли точки во најмрачните времиња.

„Тие за цената на војната зборуваат универзален јазик. Овие приказни ни помагаат да разбереме што многу Украинци на личен план секојдневно ризикуваат да го изгубат“, рече Бацеванова во изјава за порталот Трн.мк.

Покрај војната на фронтот, украинското општество води и „информативна војна“ со цел да добие разбирање од целиот свет, велат дел од фотографите вклучени во проектот.

„Ако луѓето кои ги фотографирате умрат, прво што треба да направите е да им ја дадете фотографијата на семејството, затоа што тоа е последниот спомен од таа личност. Ако сте сведок на убиство, навистина е комплицирано, но вие сте фотограф и си ја работите работата и покрај тоа што е тешко треба да се фокусирате на вашата работа и да се трудите да не гледате поинаку на тоа што се случува. Ако почнете да гледате поинаку нема да можете да го сработите. Треба само да се фокусирате и да го одработите, вели фотографката Гаел Гирберс.